Ливерпул веќе активно бара замена за Филипе Кутињо кој пред неколку дена го комплетираше трансферот во Барселона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Англиските медиуми веднаш пренесоа дека Ливерпул започнал преговори со Лестер за трансфсер на Ријад Марез вреден 55 милиони евра.
Некои медиуми објавија дека се е договорено и дека Алжирецот само треба да ги помине лекарските прегледи да за стане члена на Ливерпул, меѓутоа трансферот не се реализираше.
Преговорите помеѓу Ливерпул и Лестер се завршени, но Марез има други планови. Наводно Алжирецот преферира преселба во Лондон во редовите на Арсенал.
Не е тајна дека Венгер долго време го посакува Алжирецот во своите редови и во него гледа идеална замена за Алексис Санчез.
Наводно и самиот Марез повеќе го преферира „Емирати“ отколку „Енфилд“, па тоа е причината за пропаѓањето на трансферот.