Дома Фудбал Италија Барса му прави проблем на Интер поради Рафиња

Барса му прави проблем на Интер поради Рафиња

Челниците на Интер признаа дека преговараат со Барселона околу Рафиња, но дека се фрустрирани бидејќи каталонскиот клуб не сака да ја намали цената за овој фудбалер.

Рафиња веќе повеќе од пола година е надвор од теренот поради повреда и сеуште не е познато кога ќе се врати на теренот. Ернесто Валвреде порача дека бразилскиот играч не може да бара нов клуб овој трансфер период бидејќи се наоѓа во неговите планови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интерес за Рафиња покажаа неколку шпански клубови, а најзаинтересирана е Селта Виго, од кој клуб играчот пристигна во Барса. Но, во последно време Рафиња најмногу се поврзува со премин во Интер, кој не крие дека го сака во своите редови.

Интер е спремен Рафиња да го донесе на позајмица до крајот на сезоната по што би го откупиле неговиот договор, бидејќи во јануари не може да купува играчи поради суспензија. Интер е спремен да плати околу 20 милиони евра за Рафиња, но проблем им прави Барса која не сака да ја симне цената од 30 милиони евра за овој играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…