Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Претпоследен ден од преодниот рок!

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Претпоследен ден од преодниот рок!

Претпоследен ден од преодниот рок со Спортски следете се што се случува на трансфер пазарот и бидете во тек!

Интересен момент се случи вчера на претставувањето на Бен Арфа – внимваше да не му се расипе фризурата (тука)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дани Себаљос и понатаму врши притисок на Арсенал за прекинување на позајмицата.

Официјално: Вулвс го комплетираа трансферот на Даниел Поденсе од Олимпијакос. Поденсе потпиша договор на четири ипол години.

Пако Алкасер е пред напуштање на Борусија Дортмунд. Алкасер изгледа ќе се врати во Шпанија, Виљареал за него ќе плати 25 милиони евра.

Според сите информации кои пристигнуваа во вчерашниот ден денес очекуваме комплетирање на трансферот на Криштоф Пјонтек во редовите на германска Херта.

Наполо денес комплетира ново засилување! Петања пристигна на прегледи.

Борусија Дортмунд освен што ја завршува продажбата на Пако Алкасер денес го доведува и Емре Чан. Германецот не беше среќен во Јувентус и бараше средина во која ќе биде стандарден. Во Борусија оди на позајмица, „милионерите“ на лето за него ќе платат 23 милиони евра.

Француски „Еуроспорт“ објави дека Лацио е спремен да тргне по Оливие Жиру во случај Мертенс во последните два дена да се пресели во Челзи.

Атлетико не се откажува и после одбиените две понуди на адреса на ПСЖ ќе пристигне и трета понуда за Кавани. Засега не се открива колку, но сигурно е повисока од 18 милиони евра. Меѓутоа проблем прави и неговиот брат Валтер Фернандо кој не е задоволен од условите во договорот.

Фиорентина во последните два обиди ќе направи обиди за доведување на Лукас Пакета кој не е во плановите на Пиоли во Милан и Доменико Кришито.

Она што вчера беше потврдено денес се реализира. Алесандро Флоренци пристигна на лекарски прегледи. Потписот се очекува до крајот на денот. Ако е точно тоа што се пишуваше, Флоренци во Валенсија оди на позајмица без право на откуп.

Рома го потврди трансферот на централниот играч за врска Гонзало Вилар од Елче за четири милиони евра. Вилар потпиша договор до 2024 година.

Уште една информација за Кавани. Во трката влегува и тимот на Бекам, Интер Мајами. Засега не е познато колку Бекам е спремен да понуди за Уругуваецот.

Вест Хем започнал преговори со Хал за доведување на полскиот фудбалер Камил Гросицки.

Денес или утре се очекува Милан да пронајде клуб и за Рикардо Родригез. Откако пропадна неговиот трансфер во Наполи, овој фудбалер констатно се поврзува со ПСВ.

Официјално: Eстебан Гранеро е нов играч на Марбеља. Ветеранот во Марбеља пристигнува како слободен играч откако го раскина договорот со Еспањол. Потпиша договор со јуни 2021 година.

Рома го претстави Карлес Перез.

Според последните информации од Островот, Тотенхем ја прифатил понудата за Дени Роуз од два милиони фунти од Њукасл.

Еве и фотографија! Пјонтек пристигна на потпис со Херта.

Барселона се обидела да го продаде Кутињо, но Баерн одбил да го откупи Кутињо, но и не дозволил тој да се врати во Каталонија пред истекот на позајмицата која завршува на крајот од сезоната.

Тринкао од Брага нова мета на Барселона за нанследник на Суарез! (тука)

Детали и за договорот помеѓу Барселона и Рома за Карлос Перез – договориле чудна клазула! (тука)

Еве потврда за трансферот на Пако Алкасер! Фотографијата е од тренинг центарот на Виљареал.

Официјално: Манчестер Јунајтед го испрати Маркус Рохо на позајмица во Естудијантес.

БОМБА: Интер го сака Пандев назад! (тука)

Изненадување Манчестер Јунајтед може да доведе напаѓач од Кина (тука)

Челзи и Наполи наводно би можеле да ги разменат Дрис Мертенс и Оливие Жиру. (тука)

-Ништо од Пандев, Интер се насочува кон напаѓачот на Монако, Ислам Слимани (тука).

Миламн веднаш донесе замена за Сусо. „Росонерите“ постигнаа договор со младата ѕвезда на Андерлехт, Алексис Селемаркс. (тука)

-Официјално: Криштоф Пјонтек е нов играч на Херта Берлин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Проблем за Јувентус: Бремер има откупна клазула, Јунајтед е спремен да ја плати

Манчестер Јунајтед е подготвен да ја плати откупната клаузула за дефанзивецот на Јувентус,…