Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Moрата потпиша, Џовинко има нов клуб!

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Moрата потпиша, Џовинко има нов клуб!

Полека влегуваме во последната недела од зимскиот трансфер пазар. Во завршницата секогаш е најинтересно, а ние навремено ќе ве известуваме за сите случувања.

-Трансферот на Иван Перишиќ е главна тема денес. Хрватот побара трансфер, а Интер и Арсенал се во интензивни преговори (ОВДЕ).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


-Италијанските медиуми тврдат дека Интер е многу блиску до ангажман на Караско. Белгиецот треба да биде замена за Перишиќ во тимот (ОВДЕ).

-Бетис е многу блиску до договор со ПСЖ за трансфер на шпанскиот напаѓач, Хесе.

-Официјално: Еспањол го договори трансферот на најголемата кинеска ѕвезда Ву Леи. Напаѓачот денес потпиша договор до 2022 година со шпанскиот клуб. (ОВДЕ).

-Се разгоре битката за потписот на Сандро Тонали. Италијанскиот талент кој важи за „новиот Пирло“ е на мета на многу клубови, а Ливерпул и Милан во моментов се фаворити за неговиот потпис.

-Лестер испрати понуда од 23 милиони евра за играчот за врска на Монако, Јури Тиелеманс.

-Милан е во напредни преговори со Ватфорд за трансфер на Жерард Деулофеу (ОВДЕ).

-Реал Мадрид наводно се откажал од Кристаин Ериксен, сега во трката за неговиот потпис остануваат Манчестер Јунајтед и Челзи.

Рабио ја одби и најновата понуда на Тотенхем. Французинот ќе го чека крајот на сезоната и како слободен играч ќе го напупшти ПСЖ (ОВДЕ).

-Ѕвездата на Ајакс, Матијас де Лихт преферира трансфер во Барселона, но неговиот менаџер Мино Раиола го советува да се пресели во Јувентус (ОВДЕ).

-Милан ја „украде“ младата ѕвезда на Монако, Лерој Абанда кој денес потпиша договор со „росонерите“ до 2023 година.

Рикардо Кварезма би можел да го напушти Бешикташ и да се врати во Порто до крајот на преодниот рок.

-Евертон ја одби понудата на ПСЖ за Идрис Гаје тешка 25 милиони евра. „Светците“ сакаат по секоја цена да донесат уште еден играч за врска и можно е да ја зголемат понудата.

-БОМБА: Вест Хем во наредните 24 часа треба да го комплетира трансферот на Макси Гомез од Селта за 50 милиони евра.

-Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер го сака Антонио Конте на клупата за следната сезона и веќе остварил првичен контакт со италијанскиот стратег (ОВДЕ).

-Манчестер Сити победи во трката за новиот хрватски „бисер’ и член на Хајдук, Анте Палаверса.

Антонио Валенсија не е во плановите на Оле Гунар Солскјер и Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го продаде до крајот на преодниот рок.

– ГОТОВО: Себастијан Џовинко. го напушти тренинг кампот на Торонто и се упати кон Саудиска Арабија. „Атомската мраква“ ќе потпише договор со Ал Хилал вреден 10 милиони евра по сезона. За жал ништо од неговото враќање во Европа…

– Официјално: Езекиел Скелото е нов фудбалер на Брајтон.

OФИЦИЈАЛНО: Мората е нов фудбалер на Атлетико Мадрид! (ОВДЕ)

– Според некои информации, кинескиот Гвангжу е спремен да плати 30 милиони евра за Марек Хамшик. Хамшик важи за вистински симбол на Неапол каде што игра 12 години, а сега би можел да го напушти клубот.

– И покрај трансферот на Алваро Мората, Никола Калиниќ изгледа се уште одбива да го напушти Атлетико Мадрид. Според информациите Хрватот е спремен да биде четврти на напаѓач (зад Мората, Гризман и Диего Коста) на „јорганџиите“.

– Изгледа во Челзи одлучија да ризикуваат со младиот Калум Хадсон Одои. „Сините“ го одбија неговото барање за трансфер во Баерн Минхен.

– ЧУДНО: Челзи до крајот на преодниот рок би можел да доведе напаѓач од второлигашот Бристол. За работата да биде уште по чудна играчот по име Семењо есенскиот дел од сезоната го помина во Њупорт, клуб кој игра во четвртата англиска лига (ОВДЕ)

– Првата изјава на Мората како фудбалер на Атлетико Мадрид:

„Среќен сум поради овој трансфер. Едвај чекам да дојде моментот да истрчам на теренот во дресот на Атлетико“,

– Интер е заинтересиран за ангажман на Месут Озил на позајмица. Сепак, главниот услов за Германецот да заигра за „нероаѕурите“ во вториот дел од сезоната е Арсенал да прифати неговата плата од 350.000 евра да ја исплаќаат по пола. (ОВДЕ)

– Бидете со нас следуваат уште информации!

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…