Плејмејкерот на ПСЖ, Адриен Рабио ја одби и најновата понуда на Тотенхем, пренесуваат француските медиуми.
Менаџерот на „спарси“, Покетино силно го посакува Рабио во својот тим и му ветил голема минутажа, но фудбалерот има други идеи за продолжување на кариерата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тотенхем беше спремен да му понуди неделна плата од 75.000 фунти на 23-годишниот играч за врска, но Рабио ја одбил понудата.
Неговиот договор со ПСЖ истекува на крајот на сезоната, а бидејќи одби да стави потпис на нов договор „светците“ го отстранија од тимот.
Французинот на лето ќе го напушти Париз како слободен агент, а фаворит за неговиот потпис е Барселона.
За потписот на Рабио интерес покажуваат уште Баерн Минхен, Ливерпул, Челзи и Јувентус.
https://youtu.be/5CeyBmDnRTc