Поранешниот тренер на Јувентус, Антонио Конте остана без работа минатото лето откако што Челзи му врачи отказ и наместо него го доведе Маурисио Сари.
Од тогаш Италијанецот се доведува во врска со Реал и Јунајтед кои во меѓувреме останаа без тренер, но вистинска бомба пристигнува од Италија. „Calcomercato“ јавува дека директорот на Интер, Бепе Марота со благослов од првиот човек на клубот, Стивен Женг стапил во контакт со Конте за да ја превземе клупата на миланскиот клуб на крајот од сезоната.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Токму Марота и го доведе во Јувентус каде што започна доминацијата на Апенините, но јавна тајна е дека не се раздели со Ањели во најдобри односи. Често ја критикуваше управата, а единствен кој му чуваше грбот беше токму Бепе Марота со кој со задоволство повторно би соработувал.
Кариерата на Спалети во Интер е под знак прашалник по поразот од Торино, нема да има промена на клупата доколку некако го задржи местото кое води во Лигата на Шампионите, но јасно е дека на лето во Интер се очекуваат големи промени. А токму тогаш на Конте му истекува претходниот договор со Челзи кој мора да го плаќа до 1. јули…