Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби и официјална потврда – Алваро Мората е нов играч на Атлетико Мадрид.
Мората пристигува во Атлетико на 18-месечна позајмица, а по истекот на позајмицата „јорганџиите“ ќе имаат право да го откупат неговиот договор за 50 милиони евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Шпанецот вчера пристигна во Мадрид и откако успешно ги помина лекарските прегледи, денес стави потпис на договорот.
Сепак, шпанските медиуми пренесуваат дека Мората не е посакуван во Атлетико, а најверните фанови на „јорганџиите” тоа јасно го покажаа за време на првенствениот дуел против Гетафе.
Пред почетокот на натпреварот, фановите на Атлетико развиорија транспарент на кој пишуваше: „Помалку Мората, повеќе Борха Гарсес“.
BREAKING: Chelsea’s Alvaro Morata signs 18-month loan deal with Atletico Madrid. #SSN pic.twitter.com/NROdXhICd2
— Sky Sports News (@SkySportsNews) January 28, 2019