Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: „Пукна“ бомбата од 126 милиони евра во Мадрид!

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: „Пукна“ бомбата од 126 милиони евра во Мадрид!

Секој ден до крајот на преодниот рок нашата редакција навремено ве известува за сите случувања на трансфер пазарот.

-Трансферот на Нејмар во Барселона се уште е главна тема на трансфер пазарот. Последните информации говорат дека Барса ги понудила Кутињо и Ракитиќ плус пари за Бразилецот (ОВДЕ).


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


-„Марка“ открива дека се е спремно за трансферот на Антоан Гризман во Барселона. Французинот ќе биде претставен следната недела (ОВДЕ).

-Манчестер Сити се приклучи во трката за Леонардо Бонучи и сега е фаворит за неговиот потпис. (ОВДЕ).

-БОМБА: Еминентниот шпански новинар тврди дека Погба наредната недела ќе пристигне во Мадрид и ќе потпише договор со „кралскиот“ клуб (ОВДЕ).

Јаја Туре кариерата ќе ја продолжи во Кина и потпиша за клуб за кој веројатно никогаш не сте слушнале (ОВДЕ).

-Лион експресно донесе замена за Танго Ндомбеле и го купи Тиаго Мендеш од Лил за 25 милиони евра.

-БОМБА: Барселона започнала преговори со Ливерпул за трансер на Осман Дембеле (ОВДЕ).

-Откриени деталите на последната понуда која Реал Мадрид ја испрати за Пол Погба. (ОВДЕ).

Елиф Елмас е приоритет на Наполи. Тренерот Карло Анчелоти го сака македонскиот репрезентативец по секоја цена (ОВДЕ).

-Барселона за да ги финансира трансферите на Нејмар и Гризман ќе мора да продаде една голема ѕвезда (ОВДЕ).

-Официјално: Атлетико Мадрид го потврди трансферот на Фелипе од Порто. „Јорганџиите“ за неговиот потпис ќе платат 20 милиони евра, а Фелипе треба да биде замена за Годин.

-Јувентус спрема уште две големи засилувања до крајот на преодниот рок (ОВДЕ).

-БОМБА: Филипе Кутињо му кажа ДА на Пари Сент Жермен и ги договори личните услови со „светците“ (ОВДЕ).

Солскјер сака уште три засилувања и бара од раководството да му бидат донесени до крајот на месецот (ОВДЕ).

-Прекинати се преговорите помеѓу Тотенхем и Бетис за трансфер на Ло Селсо. Двата клуба не можат да најдат заеднички јазик околу висината на обештетувањето.

-Манчестер Јунајтед му понуди на Давид де Геа 5-годишен договор со кој ќе заработува 350.000 фунти неделно.

Барела дефинитивно го избра Интер и ги одби сите понуди. Денес раководството на „нероаѕурите“ ќе има нов состанок со колегите од Каљари.

-Продолжува битката помеѓу Рома и Милан за потписот на плејмејкерот на Фиорентина, Џордан Верето. Играчот преферира преселба во Милан, но „волчицата“ нуди повеќе пари.

– Се појасно станува дека Дани Себаљос ќе го напушти Реал Мадрид, засега најголем интерес покажаа Милан и Интер.

– Тотенхем изгледа конечно реши да троши! Откако го купи Ндомбеле, денес „Скај Спорт“ објави дека „петлите“ започнале преговори за Џовани Ло Селсо.

– Навивачите на ПСЖ веќе можат да го купат дресот на Ерера. Негово претставување се очекува во четврток.

– Италијанскиот новинар Ромео Агрести објави дека спортскиот директор на Јувентус Фабио Партичи разговарал со братот и агент Игуаин. Во тој разговор Партичи отворено му соопштил дека Игуаин не во плановите на клубот.

– Официјално: Лацио го доведе напаѓачот на Ливерпул, Боби Адекање. „Црвените“ не добија оштета затоа што на Адекање му истече договорот. Нигериецот со Лацио потпиша договор на три години со можност за продолжување на уште една.

БУФОН УТРЕ ПРИСТИГНУВА НА ПРЕГЛЕДИ ВО ЈУВЕНТУС! (ОВДЕ)

– Најпознатата радио станица во Неапол пренесува дека Хамес Родригез е во завршна фаза од преговори и се наоѓа пред трансфер на „Сан Паоло“.

– Нови информации за Гонзало Игуаин: Наводно Јувентус одредил цена од 30 милиони евра.

– ВЛАТКО СТОЈАНОВСКИ ПРОМОВИРАН ВО ДРЕСОТ НА НИМ!

– OФИЦИЈАЛНО: МАНЧЕСТЕР СИТИ ЈА ПЛАТИ КЛАЗУЛАТА ЗА РОДРИ! (НАСКОРО ПОВЕЌЕ)

– Еве како Тотенхем ги победи Манчестер Јунајтед и Јувентус во трката за Ндомбеле и го направи најскап играч во клупската историја. (ОВДЕ)

– Интер се вклучува во трката за Матео Дармија, Ди Марцио.

– Официјално: Хектор Ерера е нов играч на Атлетико Мадрид

– Вистински хаос се случува во Вест Хем околу Марко Арнаутовиќ. Братот на Арнаутовиќ вчера тврдеше дека испратиле барање до Вес Хем за трансфер, а денес клубот тврди дека не добиле никакво официјално барање за Арнаутовиќ да го напушти клубот.

– Aко Интер не успее да го доведе Џеко, тогаш резерва опција може да биде Фернандо Љоренте, пренесува „Тутоспорт“.

– Шпански „Мудно Депортиво“ објави дека Александар Лаказет побарал да си замине од Арсенал за да се пресели во шпански клуб (ОВДЕ)

– Официјално: Манчестер Сити го доведе бекот на ПСВ, Ангелињо.

– И НАЈГОЛЕМАТА ПОТВРДА СЕ ЧЕКАШЕ ДА БИДЕ ОБЈАВЕНА ВЕЧЕРВА! ПОТВРДЕН ТРАНСФЕРОТ ОД 126 МИЛИОНИ ЕВРА – ЖОАО ФЕЛИКС Е ИГРАЧ НА АТЛЕТИКО МАДРИД!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Судиска анализа: Струга оштетена за пенал во Ѓорче

Во викендот кој е зад нас се играа натпревари од 28. коло во Првата македонска фудбалска л…