Дома Трансфер зона Како Тотенхем ги победи Манчестер Јунајтед и Јувентус и го сруши клупскиот рекорд

Како Тотенхем ги победи Манчестер Јунајтед и Јувентус и го сруши клупскиот рекорд

Toтенхем вчера го доведе играчот за врска Тангу Ндомбеле за 60 милиони евра.

Лондонскиот клуб со тоа го сруши клупскиот рекорд, а францускиот играч за врска е второ засилување за Спарсите и во ист ден откако претходно немаа купено играч 517 дена.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претходно го обезбедија играчот на Лидс Џек Кларк.

Француски „Л’Екип“ сега го објави начинот на кој Ндомбеле завршил во Тотенхем.

Французите истакнуваат дека во игра за потписот на Ндомбеле бил Манчестер Јунајтед кој побарал време да го заврши трансферот на Погба со што би обезбедил финансиски средства.

Блиску до овој фудбалер бил и италијански Јувентус кој минатиот месец ја направил истата работа како и Јунајтед. „Старата дама“ побарала Лион да ги почека да завршат други зделки, а потоа да го доведе Ндомбеле.

За тоа време во Тотенхем мирно ја следеле ситуацијата, а на крајот ја искористил предноста. Маурисио Покетино го убедил Ндомбеле да прифати трансфер во Лондон. Аргентинскиот стратег му кажал дека бил импресиониран од неговиот стил на игра и му ветил голема минутажа. Освен тоа Покетино и му потенцирал дека мора да поправи една работа – последното додавања.

За тоа време Даниел Леви ја договорил цената со Лион, па Ндомбеле заврши во Тотенхем за клупски рекорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…