Дома Фудбал Англија Барселона и Ливерпул започнуваат преговори за Дембеле!?

Барселона и Ливерпул започнуваат преговори за Дембеле!?

Ливерпул претходната сезона ја освои Лига на шампиони и за оваа сезона им се потребни минимални корекции во тимот.

Со оглед на тоа дека Даниел Стариџ го напушти клубот, дупката во нападот би можел да ја пополни Оусман Дембеле од Барселона.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Наводно Каталонците соопштија дека ова скапоцено “засилување“ платено 125 милиони евра е недопирливо, но работите меѓувремено се променија.

Со оглед на големата можност Нејмар да се врати на Камп Ноу во Барселона сериозно се размислува да прифатат понуда за францускиот репрезентативец.

Според Дејли Стар, Црвените во следните денови ќе испратат понуда до Барселона за офанзивецот кој е голема желба на Клоп.

Дембеле во претходната сезона постигна осум погодоци во Ла Лига, а неговиот досегашен престој во Каталонија го одбележа недисциплината и повредите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Романо го потврди следниот клуб на Мбапе: Повеќе нема дилеми

Фабрицио Романо денеска потврди дека Килијан Мбапе (25) од ПСЖ летово ќе премине во Реал М…