Дома Трансфер зона Сите детали познати: Буфон утре се враќа „дома“!

Сите детали познати: Буфон утре се враќа „дома“!

Откако го напушти ПСЖ, Џанлуиџи Буфон се враќа во Јувентус!

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Веќе подолг период Буфон се поврзува со враќање во Јувентус, а денес реномираниот италијански новинар Џанлука Ди Марцио објави дека за утре се закажани медицинските прегледи на Буфон.

Така Буфон после кратката авантура во ПСЖ се враќа во Јувентус каде што ќе потпише договор на уште една година после што ќе следи превземање на некоја директорска функција.

И покрај враќањето на Буфон прв голман на Јувентус и наредната сезона ќе биде Шчесни додека легендарниот Италијанец ќе биде резервна опција.

Единствената клазула која ја барал Буфон е онаа која и што се најавуваше – да одигра десет натпревари и тоа негово барање Јувентус го прифатил.

Така Џиџи откако ќе го помине лекарските прегледи ќе потпише договор со Јувентус вреден 1.5 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…