Дома Трансфер зона Барселона поради Нејмар и Гризман одлучи својот играч да го стави на трансфер листа

Барселона поради Нејмар и Гризман одлучи својот играч да го стави на трансфер листа

Барселона одлучи да го стави на трансфер листата Самуел Умтити со што ќе го покачи буџетот за донесување на Гризман и Нејмар.

Умтити во 2016. година пристигна од Лион во каталонскиот тим за 25 милиони евра и се очекуваше многу од него, но работите отидоа во друг правец.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Французинот имаше многу проблеми со повредите и претходната сезона одигра само 15 натпревари за Барселона, а се споменува и како дел од договорот за трансферот на Нејмар.

Како што пренесува Спорт, Барселона одлучи да го стави Умтити на трансфер листата, а една од причините е што Французинот прави се поголем притисок до управата за да потпиша нов договор.

Проблемите со повредите доведоа до тоа неговата цена да падне, но Барселона и натаму сака да добие минимално 50 милиони евра за Умтити.

Јувентус и Манчестер Јунајтед се заинтересирани за него, но се уште нема конкретна понуда. Умтити од друга страна нема да има ништо против да премине во клуб каде ќе добива повеќе шанса за игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Голема распродажба во Барселона. Само тројца играчи се недопирливи

Откако се предомисли и ја повлече одлуката да ја напушти Барселона на крајот од сезоната, …