Дома Топ вести Реал не се откажува, испрати нова понуда за Погба

Реал не се откажува, испрати нова понуда за Погба

Пол Погба е најголема желба на тренерот Зинедин Зидан и Реал Мадрид нема да се откаже од намерата да го донесе Французинот на „Санртиаго Бернабеу“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Проблем е што Манчестер Јунајтед бара 150 милиони евра за слободата на својата ѕвезда, сума која „кралевите“ не се спремни да ја платат во моментов.

Погба јавно призна дека сака нов предизвик во кариерата, а следната недела кога ќе започнат подготовките наводно ќе достави и писмена молба за трансфер.

„Марка“ пренесува дека Реал ќе има уште еден обид да го донесе Французинот и веќе спремил понуда. „Кралевите“ се спремни да го понудат Герет Бејл плус пари за потписот на Погба.

Бејл не е повеќе во плановите на Зидан, но тешко дека Јунајтед ќе ја прифати оваа понуда бидејќи не е спремен да ја плаќа високата плата на Велшанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…