Дома Трансфер зона Јувентус спрема уште две спектакуларни засилувања!

Јувентус спрема уште две спектакуларни засилувања!

Навивачите на Јувентус и понатаму го чекаат Де Лихт.

Како што пишува познатиот новинар Ди Марицио, повеќе работи се завршени, сумата со бонуси би требало да биде околу 75 милиони евра, Ајакс се согласил, бидејќи самиот играч одлучил. Раиола ги договара деталите, а Паратичи го чека мигот да оди во Амстердам и да ја заврши работата. Нема сомнеж дека капитенот на Ајакс би бил огромно засилување, а што уште бара Сари?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Погба и понатаму е цел, иако тешка, се зборува дека Јуве се обидува да се ослободи од Игуаин и да го добие Заниола од Рома, иако и тоа е малку веројатно. Наводно, единствена друга цел со Де Лихт е Федерико Киеза кој не помислува да остане во Фиорентина, неговиот агент веќе тоа им го кажал во клубот. Познатиот татко Енрико Киеза кој го застапува интересот на синот инсистира синот да оди во Јуве, верува дека кај Сари ќе напредува и ќе има поголема минутажа.

Јувентус сака со Игуаин, да ги продаде Кансело, Манџукиќ, Кедира, Квадрадо, можеби и да си одат во Кина, а што се однесува на Икарди, ќе го чекаат последниот момент. Диабала изгледа е во плановите на Сари, па многумина веруваат дека тимот ќе биде формиран и дека Де Лихт и Киеза, со Рабио и Ремзи би можеле да ги завземат позициите во тимот, а младиот Пелегрини кој е замена за Спинацолу може да си оди на нова позајмица.

Се чека и Перин да најде клуб, за Буфон да може повторно да потпише и да го завземе местото резервен голман. Повеќе аналитичари сметаат дека Јувентус и вака е пресилен, а со Де Лихт и Киеза уште ќе се засилат во однос на конкурентите, иако Наполи најави засилвуања, како и Интер со амбициите на Конте.

Дали е баш така?

Тие кои го тврдат спротивното сметаат дека на Сари ќе му биде потребно време, иако веќе има победничка машина, односно Алегри му остави моќен тим. Ќе видиме, како ќе изгледа почетокот на сезоната, меѓутоа Јуве има повеќе пари од останатите и тоа е најголемата разлика.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…