Следна дестинција на талентираниот Шпанец Дани Олмо ќе биде Германија, Лајпциг ги победи конкурентите и го доведе бисерот на Динамо.
Трансферот не е официјализиран, но би требало да биде наскоро, дилеми не треба да има затоа што се едногласни и хрватските и германските медиуми. Дополнителна причина да се верува дека трансферот е завршена работа е тоа што Олмо утрово ги напушти припремите на Динамо во Ровињ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Најпознатите германски медиуми како што се „Билд“ и „Кикер“ веќе пишуваат и за деталите од договорот на Лајпциг и Динамо.
Според информациите Динамо барал оштета од 25 милиони евра, додека Лајпциг нудел 16. Договорот го постигнале на „половина пат“.
Што значи тоа?
Динамо веднаш ќе добие 16 милиони евра, додека со бонуси и процентот од идниот трансфер на Олмо хрватскиот тим може да дојде до заработка од 35 милиони евра. Наводно, еден од бонусите изнесува два милиони евра и е поврзан со учеството во Лигата на шампионите. За секоја година од договорот на Олмо во која Лајпциг ќе игра во Лигата на шампионите на Динамо ќе му исплаќа по два милиони евра.
Тоа е бонусот кој засега им е познат на медиумите.