Дани Олмо ги напуштил припремите на Динамо во Ровињ и отпатувал за Загреб. Од соиграчите се простил во солзи.
Од почетокот на зимскиот преоден рок се чека на трансфер на Олмо и сега е јасно дека тоа ќе се случи. Милан, Барселона и Лајпциг беа најсериозните кандидати за неговиот потпис, на крајот изгледа трката ја добиле Германците.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според информациите на хрватскиот медиум „Спортске Новости“ денес треба да се договорат последните детали и Олмо да отпатува на медицински прегледи.
Вкупната заработка на Динамо со се бонусите и процентот од идниот трансфер би можела да изнесува 35 милиони евра. Сигурната заработка наводно е 16 милиони евра.