Раководството на Манчестер Јунајтед му дало целосна доверба на Оле Гунар Солскјер.
Иако под водство на норвешкиот стратег „црвените ѓаволи“ не блескаат, тој ја има поддршката на управата на клубот на чело со Ед Вудворд.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Скај Спорт“ пренесува дека бил одржан состанок со раководството на клубот и на тој состанок била искажана целосна доверба во Солскјер кој ќе продолжи со работата.
Јунајтед во овој момент е петти тим во Премиер лигата. Но, од 14. позиција на која е Њукасл ги делат само четири бода, па доколку тимот не ја поправи формата многу лесно може да падне на табелата.
Незадоволството на навивачите е огромно, а тоа го покажа и сликата од вчерашниот натпревар против Барнли – тука.