Арсенал започна преговори за трансфер на дефанзивецот на Шахтјор, Микола Матвијенко, откри агентот на играчот.
„Топџиите“ имаат сериозни проблеми во одбраната оваа сезона и Артета по секоја цена сака да донесе дефанзивец до крајот на зимскиот преоден рок.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Матвијенко е млад репрезентативец на Украина и важи за еден од најголемите таленти во својата татковина, па се очекува да биде и дел од тимот кој ќе патува на ЕП.
Тој е незаменлив во тимот на Шахтјор, а скаутите на Арсенал го забележале во натпреварите од Лигата на шампиони оваа сезона.
„Во последно време јас сум во постојан контакт со претставници на Арсенал и веќе имавме неколку средби. Арсенал веќе направи контакт со колегите од Шахтјор, преговорите се започнати, па се надеваме дека ќе завршат успешно“, потврди агентот на Матвијенко.