Дома Топ вести Трансфери во живо: Кутињо „ИЗМАМЕН“, Калиниќ е „росонер“, утринска „шлаканица“ за Пеп!

Трансфери во живо: Кутињо „ИЗМАМЕН“, Калиниќ е „росонер“, утринска „шлаканица“ за Пеп!

Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите случувања на трансфер пазарот.

Кутињо во „тесно“, како што пренесуваат повеќето светски медиуми, Барселона полека се откажува од негово доведување, а познато е дека Бразилецот влезе во конфликт со Јирген Клоп.(ОВДЕ)


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Клаудио Маркизио би можел да го напушти Јувентус, „детето“ на Јуве како што наведуваат италијанските медиуми стравува за своето место во тимот и смета дека не би имал доволно простор за игра.(ОВДЕ)

– Во текот на вчерашниот ден се појави информација дека Манчестер Сити е спремен да ја плати клазулата на Лионел Меси, но шпанските медиуми утрово пренесуваат дека Аргентинецот иако не потпишал договор со каталонскиот гигант, тој е подготвен и потпишувањето е само прашање на време.(ОВДЕ)

Јулијан Дракслер во последните денови од преодниот рок веројатно ќе биде еден од играчите за кого ќе има најголем интерес, а во овој момент најсериозни кандидати за негово доведување се Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Арсенал.(ОВДЕ)

– Сега е ГОТОВО: Никола Калиниќ утрово пристигна лекарски прегледи во Милано. Наскоро се очекува и официјализирање на трансферот, Фиорентина ќе добие 20 милиини евра. плус пет како бонуси.

– „Кориере Дело Спорт“ пренесува дека Жоао Кансело од Валенсија веќе е фудбалер на Интер, како и дека веднаш после него во редовите на „нероаѕурите“ на позајмица ќе пристигне Елијаквим Мангала од Манчестер Сити.

Арсен Венгер ќе се обиде да го задржи Алекс Окслејд Чемберлејн, Французинот за брзногиот фудбалер спремил и нов договор според кој тој би требало да заработува 125.000 фунти неделно.

– И покрај доаѓањето на Паулињо во Барселона, Серхио Роберто нема да го напушти клубот тој е спремен да остане во каталонскиот гигант и да се бори за своето место во тимот. Да потсетиме, интерес за услугите на Роберто покажаа Челзи, Манчестер Јунајтед и Јувентус.

– Фудбалскиот ветеран, Димитар Бербатов и на 36 години продолжува со активното играње фудбал, Бугаринот потпиша едногодишен договор со клубот Келара Бластерс.

– Кристал Палас се обидува да го доведе фудбалерот на Ливерпул, Мамаду Сако, но англискиот клуб нема намера да исплати 33 милиони евра колку што бара Јирген Клоп

– 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Дортмунд го налути „кралот“, хет-трик на Винисиус🎥

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд приредија вистински спектакл со седум гола и на крајот „кр…