Дома Трансфер зона Кого ќе избере Дракслер – Три европски гиганти во игра!

Кого ќе избере Дракслер – Три европски гиганти во игра!

Јулијан Дракслер е фудбалерот за кој во последно време мнгоу се зброува. Каде би можел да заврши?

Во француските медиуми на големо се поставува прашањето, ќе остане ли Дракслер во ПСЖ после доаѓањето на Нејмар и дали воопшто тој ќе добие место во стартниот тим.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Доколку Мбапе пристигне неговиот шанси ќе бидат минимални. На ПСЖ им се потребни пари за да го испочитуваат финанискиот фер-плеј, а токму поради тоа се наведува дека Јулијан Дракслер би можел да биде продаден.

Заинтересирани клубови секако дека не недостасуваат, се споменуваше Интер во претходните недели, но изгледа дека сепак „нероаѕурите“ се откажаа. „Тутомеркато“ пишува дека во овој момент во игра се Арсенал, Манчестер Јунајтед и Ливерпул.

Венгер би тргнал по Дракслер само во случај на продажба на Санчез, Французинот повеќе пати истакна дека нема намера да купува доколку нема продажба на некој играч. Од друга страна Ливерпул и Манчестер Јунајтед се во потрага по фудбалер од таков калибар, па можеби и веќе започнале преговори за доведување на Дракслер.

Се појави и информација дека Карло Анчелоти е заинтересиран за услугите на Јулијан Дракслер, но во овој момент Германецот е далеку од шампионот на Бундеслигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…