Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Имаме нов рекорд, Погба сака во Барселона, Мурињо брза, Модриќ разговарал со Перез…

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Имаме нов рекорд, Погба сака во Барселона, Мурињо брза, Модриќ разговарал со Перез…

transferi

Како и секој ден се до затварањето на трансфер пазарот, редакцијата на Спортски.мк ќе ве известува за сите трансфери и трансфер гласини и се што е поврзано со трансфер пазарот во Европа.

– ТУКА можете да се потсетите што вчера се случуваше на трансфер пазарот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Секако денес и утре очекуваме најинтересно да биде во Англија каде што клубовите немаат многу време за реализација на трансферите. Преодниот рок на Островот се затвара утре во 17:00 часот!

– Откако вчера беше објавено дека се пред ангажман на Кепа Аризабалага и Матео Ковачиќ, денес во медиумите се појави вест и дека Челзи ќе го реализира трансферот на Набил Фекир (ОВДЕ)

Пол Погба сака да го напушти Манчестер Јунајтед! (ОВДЕ)

– Дефанзивецот на Баерн Минхен, Жером Боатенг ја одбил понудата од Јунајтед (ОВДЕ)

– Потенцијалниот трансфер на Модриќ и денес е актуелна тема. Наводно веќе Реал ги избрал тројцата канидати кои можат да го наследат и тоа се Кристијан Ериксен, Тиаго Алкантара и Сергеј Милинковиќ Савиќ (ОВДЕ)

Тибо Куртоа веќе утре се очекува да пристигне во Мадрид и да го комплетира трансферот во Реал (ОВДЕ)

– Претседателот на Лацио Клаудио Лотито смета дека Милинковиќ Савиќ вреди многу повеќе од Погба (ОВДЕ)

– ОФИЦИЈАЛНО: Челзи ја плаќа клазулата за Кепа имаме нов рекорд кога се голманите во прашање! (ОВДЕ

– Евертон и Вест Хем размислуваат за ангажман на Дени Дринквотер од Челзи.

– Никола Калиниќ е пред официјализација на трансферот во Алтетико Мадрид, Милан ќе добие 15 милиони евра.

– Освен Дени Дринквотер, Евертон покажал интерес и за ангажман на Курт Зума.

– Официјално: Наполи го доведе десниот бек на Лил, Кевин Малкуит.

– Oд Турција пристигнуваат информации дека агентот на Домагој Вида се наоѓа во Лондон каде што се очекува да го комплетира трансфер на стоперот во редовите на Арсенал (ОВДЕ)

– Нови информации во врска со трансферот на Матео Ковачиќ. Наводно во неговиот договор за позајмица ќе има и опција за откуп, но се уште ништо не е потврдено.

Мануел Пелегрини започна преговори со Барселона за доведување на Андре Гомеш во Вест Хем.

– OД ШПАНИЈА ПРИСТИГНУВААТ НОВИ ВЕСТИ: Модриќ разговарал со Перез и изгледа – останува во Мадрид! (ОВДЕ)

– Медиумите очекуваат, Матео Ковачиќ до вечер да пристигне на медицински прегледи во Лондон (ОВДЕ)

– Ова се 20-те играчи кои до утре до 17:00  до затварањето на преодниот рок би можеле да пристигнат во Англија. (ОВДЕ)

– Одлучена судбината на Левандовски! Полскиот голгетер останува во Баерн Минхен. (ОВДЕ)

– Жозе Мурињо не се откажува и во последните моменти од преодниот рок ќе се обиде да го доведе Хари Мегваер (ОВДЕ)

– НАЈВНОВА ВЕСТ ЗА СЛУЧАЈОТ МОДРИЌ: Перез е спремен да ја израмни понудата на Интер! (ОВДЕ)

– Тотенхем е спремен да понуди 25 милиони евра за играчот на Астон Вила, Џек Грилиш (ОВДЕ)

Бакајоко се поблиску до Милан (ОВДЕ)

Унаи Емери во последните 24 часа од преодниот рок би можел да го доведе Осман Дембеле од Барселона (ОВДЕ)

Бернард пристигна на прегледи во Евертон.

– „СЛУЧАЈ“ МОДРИЌ: Хрватот го напуштил тренингот еден час порано, Интер спрема неморална понуда, очекувањата се дека заминал на состанок со Перез. Според некои информации во Мадрид е претставникот на Интер Џузепе Рисо.

– Напаѓачот на Манчестер Сити кој е во втор план, Украинецот, Зинчеко е пред трансфер во редовите на Вулверхемптон

– ОФИЦИЈАЛНО: Тибо Куртоа во Реал Мадрид, Матео Ковачиќ во Челзи! (ОВДЕ)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…