Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Де Јонг ја избра Барселона, решена иднината на Икарди

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Де Јонг ја избра Барселона, решена иднината на Икарди

Се наближува самиот финиш од преодниот рок и во завршницата секогаш е најинтересно – со Спортски на едно место следете се што се случува!

-Тука може да се потсетите што се случуваше вчера на трансфер пазарот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


-Денес треба да бидат комплетирани трансферите на Криштоф Пијатек во Милан и Гонзало Игуаин во Челзи. Двајцата фудбалери утрово пристугнаа на лекарски прегледи.

-БОМБА: Барселона ја доби трката за ѕвездата на Ајакс, Френки де Јонг. 21-годишниот Холанѓанец следното лето ќе се пресели на „Камп Ноу“ за 90 милиони евра (ОВДЕ).

-„Газета дело Спорт“ пренесува дека Интер е спремен на лето да го продаде Иван Перишиќ, а за неговиот потпис ќе се борат Атлетико Мадрид и Манчестер Јунајтед.

-Џенова после продажбата на Пијатек договори два трансфери. Пристигнува Санабрија од Бетис и Стураро од Јувентус.

-ПАДНА ДОГОВОР: Икарди става потпис на нов договор со Интер – сите детали видете ви ОВДЕ.

-Арсенал во Јувентус ја пронајде замената за Петр Чех на голманската позиција (ОВДЕ).

-Барселона одлучи да му даде уште една шанса на Филипе Кутињо и сигурно нема да го продава Бразилецот во зимскиот преоден рок. (ОВДЕ).

-Манчестер Јунајтед ја одби понудата на Арсенал за позајмица на Ерик Баи.

-Борусија Дортмунд во Премиер лигата ја најде замената за Пулишиќ, „Милионерите“ ја сакаат ѕвездата на Кристал Палас, Вилфред Заха (ОВДЕ).

-Пропаднат трансфер: „Скај Спорт“ пренесува дека Јувентус и Интер се откажале од трансферот на Матео Дармијан поради високите барања на Манчестер Јунајтед.

-ПСЖ испрати нова понуда до Наполи за Алан тешка 80 милиони евра плус бонуси. Се чека одговор од италијанскиот клуб.

-Шпанскиот интернационалец и некогашен играч на Реал Мадрид, Хесе е пред трансфер во Италија (ОВДЕ).

-ИЗНЕНАДУВАЊЕ: ПСЖ започна преговори со Баерн Минхен за трансфер на Ренато Санчез. „Светците“ по секоја цена сакаат да донесат играч за врска, а Португалецот не добива голема минутажа во Минхен.

-Италијанските клубови се тепаат за потписот на „новиот Пирло“, Сандро Тонели. Рома води во трката за неговиот потпис, но играчот јавно изјави дека сака да се пресели во Милан.

Марсело јавно му соопштил на раководството на Реал Мадрид дека сака трансфер во Јувентус.

– Саудискиот „Скај Спорт“ пишува дека претставници на Ал Хилал се сретнале со Себастијан Џовинко. Италијанецот влегува во последната година од договорот со Торонто и оштетата за него не би требало да биде висока.

– Според некои информации низ англиските и италијанските медиуми, Арсенал прави обиди да го убеди спортскиот директор Мончи да ја напушти Рома и да се приклучи во нивниот табор. (ОВДЕ)

– Maурицио Сари го потврди трансферот на Гонзало Игуаин! (ОВДЕ)

– Англиски „Сан“ пишува дека Реал Мадрид е спремен да понуди 110 милиони евра за услугите на Паоло Дибала. (ОВДЕ)

MАРИО БАЛОТЕЛИ ПРЕТСТАВЕН ВО МАРСЕЈ! (ОВДЕ)

– Тимот на Милан е клубот кој најмногу потрошил во овој преоден рок (ОВДЕ)

– Aрсенал во овој преоден рок ќе се обиде да го доведе Желсон Мартинс од Атлетико. „Топџиите“ за потписот на овој играч беа заинтересирани уште додека тој го носеше дресот на Спортинг Лисабон. (ОВДЕ)

– НИШТО ОД ИЗНЕНАДУВАЊЕТО: Антеро Енрике и Хасан Салихамиџиќ преговарале за трансфер на Санчез во ПСЖ, но од договор ги делата цели 15 милиони евра

– OФИЦИЈАЛНО: Де Јонг е нов фудбалер на Барселона! (ОВДЕ)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…