Дома Трансфер зона Сари го потврди трансферот на Игуаин: Тој е еден од најдобрите играчи кои сум ги тренирал

Сари го потврди трансферот на Игуаин: Тој е еден од најдобрите играчи кои сум ги тренирал

higuain

Тренерот на Челзи, Маурицио Сари потврди дека во текот од оваа сезона дресот на овој тим ќе го носи аргентинскиот напаѓач, Игуаин.

„Сините“ долго време бараа идеален напаѓач. Сари како вистинско решение за својата екипа го виде 31-годишниот Аргентинец, а на крајот и успеа да го добие. Италијанскиот стратег е полн со пофалби за искусниот напаѓач и тврди дека тој е еден од најдобрите кои ги тренирал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Игуаин денеска ќе потпише договор, но нема да игра утре против Тотенхем. Тој е одличен играч. Особено беше импресивен во мојата прва сезона во Наполи. Без дилема, тој е еден од најдобрите напаѓачи кои сум ги тренирал. Има се што е потребно да успее овде. Се надевам дека ќе постигнува голови. Помина низ тежок период, но се надевам дека ќе го вратиме во вистинска форма“, изјави Сари.

Игуаин изминатава полусезона ја помина на позајмица од Јувентус во Милан, а постигна осум гола во 22 настапи за „Росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …