Дома Фудбал Англија Арсенал го сака „мозокот“ на Рома

Арсенал го сака „мозокот“ на Рома

Англискиот гигант Арсенал покажува сериозен интерес за спортскиот директор Рамон Мончи.

„Топциите“ се разделија со главниот скаут Свен Мислинтат, бидејќи имаше несогласување помеѓу него и тренерот Унаи Емери.

Токму Емери сака да го донесе Мончи на „Емирати“ бидејќи одлично соработуваа двајцата во Севиља. Шпанскиот директор ја раководеше трансферната политика во Севиља од 2000 до 2016 година и имаше одлична соработка со Емери.

Мончи во Рома е веќе две години и неговиот проект се уште не е завршен, но Арсенал се ободува да го донесе на „Емирати“.

„Знам дека моето име се поврзува со Арсенал, но сконцентриран сум на работата во Рома. Задоволство е да ме поврзуваат со така голем клуб“, изјави Мончи.

Покрај Мончи за позицијата спортски директор во Арсенал се поврзува уште и Марк Овермарс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гатузо открива детали за кариерата: Светско првенство, Италија и Лацио

Генаро Гатузо зборува за Светското првенство 2006, краткиот престој како селектор на Итали…