Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Пијатек е „росонер“ !

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Пијатек е „росонер“ !

Се наближува самиот финиш од преодниот рок и во завршницата секогаш е најинтересно – со Спортски на едно место следете се што се случува!

– Тука можете да се потсетите што вчера се случуваше на трансфер пазарот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


– Барса го претстави Боатенг.

– Откако вчера како бомба одекна изненадувачката вест за Кевин Принс Боатенг во Барселона, денес на големо се пишува за негов замена. Вчера се шпекулираше дека тоа може да биде македонскиот напаѓач Илија Несторовски, но сега се појави и името на Марио Балотели. (ОВДЕ)

– Утрово ни пристигна и една тажна вест: Фудбалерот кој требаше да биде најскапото засилување на Кардиф, Емилијано Сала исчезна заедно со авионот. Во овие моменти трае потрагата…(ОВДЕ)

– По се изгледа Шиме Вршаљко ќе се врати во Атлетико Мадрид (ОВДЕ)

Еден Азар уште еднаш ги подгреа гласините за трансфер во Реал Мадрид со најновата изјава. (ОВДЕ)

Златан Ибрахимовиќ му порача на Кејн дека ако сака да освојува трофеи и да биде запаметен треба да го напушти Тотенхем. (ОВДЕ)

– Џенова се вклучува во трката за Мичу Батчуаи. Белгиецот би можел да биде заменат за Криштоф Пијатек кој би требало да се пресели во Милан.

– ОФИЦИЈАЛНО: Демба Ба е нов играч на Башакешир! После Робињо ова е уште едно солидно засилување за турскиот клуб.

Мартин Касерес во следните 48 часа би требало да го комплетира трансферот во Болоња.

– Трансферот на Криштоф Пијатек се уште не е реализиран бидејќи се чека договор за тоа дали и кој би тргнал во спротивен правец. Џенова не е заинтересирана за Ален Халиловиќ, додека со Бертолачи ништо не се договориле…

Мехди Бенатија вчера бил виден на аеродормот во Париз со што се зголемија гласините за негово заминување од Јувентус. Бенатија засега не се поврзувал со француски клуб, најмногу се пишуваше за тоа дека Фулам може да биде негов иден клуб.

– Откако Јувентус беше означуван како фаворит за трансфер на Матео Дармијан, сега изгледа Интер се вклучува во трката!

– Се чекаат нови информации за авионот на Емилијано Сала…

– „Марка“ објави видео од движењето на авионот на Сала. (ОВДЕ)

– Во Италија се појави вест дека Раџа Наинголан побарал состанок преку својот агент за да разговара за заминување од Интер на лето.

– Сепак од трансферот на Балотели во Сасуоло изгледа нема ништо. Француските медиуми објавија дека Балотели вечерва ќе ги помине лекарските прегледи во Марсеј.

– Додека се чека трансферот на Пијатек, Италијанците тврдат дека Милан го договорил трансферот на Греневелд од Клуб Бриж. (ОВДЕ)

– ЕМИЛИЈАНО САЛА: Ново соопштение на полицијата!

„Еден авион, еден чамец за спасување сеуште трага. Друг авион ќе се приклучи по полнењето гориво. Претресени се 1.155 квадратни километри“, ова соопштение е објавено во 16:30 часот по наше време.

– После Боатенг, Барселона сака уште еден фудбалер на Сасуоло! Станува збор за Стефано Сенси кој подолго време се поврзуваше со Милан. (ОВДЕ)

– ЕМИЛИЈАНО САЛА: НОВО ОГЛАСУВАЊЕ НА ПОЛИЦИЈАТА – објавена фотографија од тоа кој дел е пребаран!

– ОФИЦИЈАЛНО: Усаин Болт уште пред да одигра официјален натпревар стави крај на фудбалската кариера.

„Беше убаво додека траеше“ , порача легендарниот атлетичар.

– КОНЕЧНО ПОСТИГНАТ ДОГОВОР: Пијатек утре пристигнува во Милано на лекарски прегледи! (ОВДЕ)

ЕМИЛИЈАНО САЛА: По се изгледа денес нема да имаме информации за авионот на Емилијано Сала – полицијата објави дека потрагата за денес е завршена и дека истата ќе биде продолжена утре наутро. Оваа соопшение беше објавено во 18:00 часот по наше време.

– За да му биде на располагање на Маурицио Сари за натпреварот од Лига Купот против Тотенхем (сабота), Игуаин мора да биде регистриран до утре напладне – започнува трка со времето

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…