Младиот холандски фудбалер Френки Де Јонг договорил трансфер од Ајакс во Барселона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според холандските медиуми, 21-годишниот играч на Ајакс ја прифатил понудата од Барса и од летоска ќе го облече дресот на каталонскиот великан.
Во борбата за овој фудбалер тимот од Камп Ноу ја победи екипата на ПСЖ. За услугите на Де Јонг Барса ќе плати 90 милиони евра, а ПСЖ претходно нудеше 75 милиони.
Младиот играч имаше дилеми околу трансферот на Камп Ноу. Не сака да седи на клупата, но раководството на Барса сепак на крајот го убеди да потпише за нив.
Така, Де Јонг од летото ќе го облече дресот на еден од најголемите светски клубови и сосема сигурно ќе има што да покаже.