Дома Топ вести Трансфери во живо: Гвардиола со мега-понуда за Санчез, Интер спрема изненадување, Милан не се откажува од Ренато Санчез

Трансфери во живо: Гвардиола со мега-понуда за Санчез, Интер спрема изненадување, Милан не се откажува од Ренато Санчез

Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите случувања на трансфер пазарот.

-Манчестер Сити тргнува по Алексис Санчез. Англиските медиуми пренесуваат дека Пеп Гвардиола спремил „нерпистојна“ понуда до Арсенал (ОВДЕ).

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


-Само детали го делат Карлос Бака од трансфер во Виљареал. „Росонерите“ од неговата продажба ќе инкасираат 18 милиони евра.

– Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито призна дека одбил понуда од 70 милиони евра за играчот за врска Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Интер во последните две недели од трансфер пазарот има големи планови. Имено „нероаѕурите“ сакаат да донесат еден стопер, десен бек и едно големо изненадување (ОВДЕ).

– Англиските медиуми пренесуваат дека Тотенхем замената за Вокер ќе ја донесе од ПСЖ и дека е во напредни преговори за трансфер на Серж Орие (ОВДЕ).

– Се помали се шансите Рома да го ангажира Ријад Марез, бидејќи Лестер за неговата слобода бара 44 милиони евра. Медиумите тврдат дека „волчицата“ сега ќе се насочи кон Квинси Промес од Спартак Москва.

– Интер и Валенсија се во преговори за размена помеѓу Кондогбија и Кансело. Десниот бек е една од главните трансфер цели на Спалети, а за него се интересираат уште Јувентус и Тотенхем.

– Стоук испрати официјална понуда до Тотенхем за Винсет Јансен. Холанѓанецот минатото лето пристигна кај „спарси“, но не се снајде баш најдобро.

– Фиорентина само детали ја делат од договор со Џенова за трансфер на напаѓачот Џовани Симеоне. Аргентинецот ќе пристигне во Фиренца како замена за Никола Калиниќ.

– Англиските медиуми пренесуваат дека Тотенхем испратил понуда тешка 25 милиони евра до Фулам за талентираниот Рајан Сесињон. Меѓутоа понудата за 17-годишниот лев бек експрено била одбиена.

– Италијанските медиуми тврдат дека Милан не се откажува од Ренато Санчез и дека во наредните денови ќе испрати нова, подобрена понуда до Баерн Минхен. „Газета дело Спорт“ тврди дека „росонерите“ веќе имаат договор со играчот.

– Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус во наредните денови ќе го комплетира трансферот на Блас Матуиди од ПСЖ (ОВДЕ)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…