Дома Топ вести Трансфери во живо: Барса се засили, Коста одби богатство, Гвардиола се враќа по Санчез…

Трансфери во живо: Барса се засили, Коста одби богатство, Гвардиола се враќа по Санчез…

Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите случувања на трансфер пазарот.

–  Шангај СИПГ и Тианјин Куанјиан понудија неверојатна сума за Диего Коста да се пресели на Блискиот Исток и таму да остане до зимата, од каде што би заминал во Атлетико Мадрид. Според информациите на „Сан“, Шангај на 28-годишниот Коста му понудил три милиони фунти за потпис до ноември, а покрај тоа би добил и 10 милиони фунти бонус ако клубот ја освои кинеската Супер лига, но Коста ја одбил оваа понуда.(ОВДЕ)


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


– Како и што се очекува, Барселона успеа да го постигне договор за трансфер на Жан Мишел Сери, фантастичниот играч за врска на Ница кој во следните неколку денови би требало да се пресели на „Камп Ноу“.(ОВДЕ)

– Директорот на Борусија Дортмунд, Зорц изјави дека Пјер-Емерик Обамејанг повеќе не е на продажба, со ова веројатно е ставена точка на шпекулациите поврзани со иднината на Габонецот.(ОВДЕ)

– Наводно, Жозе Мурињо во последните денови од преодниот рок ќе се обиде да доведе еден од Тома Лемар и Јулијан Дракслер. (ОВДЕ)

– Како што пренесуваат англиските медиуми, екипата на Арсенал го смета Џек Вилшер за непотребен и наводно тој бил понуден на италијансиот гигант Милан. (ОВДЕ)

– Најголемите англиски медиуми утрово пренесуваат дека Манчестер Сити и Пеп Гвардиола спремиле понуда од 75 милиони евра за услугите на Алексис Санчез.(ОВДЕ)

– Aргентинските медиуми пренесува дека Јувентус тргнува во целосна офанзива на Езекиел Гарај, наводно договор со играчот е постигнат и се очекува трансферот да се реализира до крајот на оваа недела, со што Валенсија би добила 20 милиони евра.

– Екипата на Челзи покрај интересот за Дени Роуз до крајот на преодниот рок ќе се обиде да доведе и уште еден дефанзивец на Тотенхем, во прашање е Тоби Алдервилд.

– Наводно екипата на Њукасл ја размислува за сензационално враќање на Енди Керол во тимот. Поранешниот миленик на фановите на овој клуб би можел да стигне како позајмен фудбалер до крајот на сезоната.

– Големата желба на ПСЖ, Хуан Фојт, кој настапува во редовите на Естудијантес, на крајот веројатно ќе заврши во редовите на англиски Тотенхем. Иначе, Фојт има само 19 години и важи за еден од најталентираните во својата земја.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Кој е Александар Стефанов? Најсериозниот кандидат за наследник на Мукаетов!

Многу брзо по завршувањето на Светското ракометно првенство, фокусот на Ракометната федера…