Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Барса прави „чистка“, Реал го чека Погба, Лукаку се поблиску до Италија

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Барса прави „чистка“, Реал го чека Погба, Лукаку се поблиску до Италија

Нашата редакција секој ден навремено ќе ве информира за се што се случува на трансфер пазарот – сите трансфер информации на едно место!

-Пропаднатиот трансфер на Герет Бејл во Кина се уште е главна тема на трансфер пазарот. Откриено зошто Перез го стопираше трансферот (ОВДЕ).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


-Милан договори две нови засилувања. Утре се очекува во Милано да пристигнат на прегледи Лео Дуарте од Фламенго и Рафаел Леао од Лил.

-Јувентус и Евертон се блиску до договор за трансфер на Моис Кин за 40 милиони евра. (ОВДЕ).

Хари Мекгваер не се појави на денешниот тренинг на Лестер. Дефанзивецот настокува да му биде дозволен трансфер на „Олд Трафорд“.

-БОМБА: Јувентус се вклули во трката за потписот на Кристиан Ериксен (ОВДЕ).

-Чистка во Барселона: Каталонците ставија четворица фудбалери на продажба и очекуваат да донесат две нови ѕвезди до крајот на преодниот рок. (ОВДЕ).

Хамес Родригез после две години се врати на тренинзите на Реал Мадрид. Атлетико песимист за реализација на трансферот (ОВДЕ).

-Постои застој во преговорите помеѓу Милан и Атлетико за трансфер на Кореја. Проблемот се висината на бонусите (ОВДЕ).

Ромелу Лукаку не замина со тимот во Норвешка за пријателски натпревар и е се поблиску до трансфер во Италија (ОВДЕ).

-Евертон спрема понуда за Тиму Бакајоко, кој е на излезна врата од Челзи.

-Распродажба во Јувентус, седум фудбалери се ставени на трансфер листа (ОВДЕ).

-БОМБА: Муса Дембеле од Лион е замената на Манчестер Јунајтед за Ромелу Лукаку.

-Зенит испрати понуда за Малком до Барселона. Рускиот клуб нуди 40 милиони евра, плус 10 милиони во име на бонуси.

-Падна договор: Сергеј Милинковиќ-Савиќ ги договори личните услови со Манчестер Јунајтед, трансферот пред реализација (ОВДЕ).

-Патрик Кутроне замина во Англија на медицински прегледи, а потоа ќе стави потпис на 4-годишен договор со Вулверхемптон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…