Дома Топ вести Јувентус се вклучи во трката за Ериксен!

Јувентус се вклучи во трката за Ериксен!

Според пишувањето на италијанските медиуми Јувентус до крајот на преодниот рок сака да донесе уште едно големо засилување во средниот ред.

Шпанска „Марка“ тврди дека „старата дама“ се вклучила во трката за потписот на Кристиан Ериксен, кој е на излезна врата од Реал Мадрид.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Данскиот плејмејкер долго се поврзуваше со Реал Мадрид, но „кралевите“ се насочија кон ангажман на Пол Погба.

Интерес за Ериксен покажуваат уште Манчестер Јунајтед и Атлетико Мадрид, но до сега нема конкретна понуда.

Договорот на Ериксен со Тотенхем истекува следното лето, а бидејќи фудбалерот одби да го продолжи, „спарси“ ќе бидат приморани да го продадат ова лето.

Таквата ситуација сака да ја искористи Јувентус и е спремен да понуди 60 милиони евра за неговиот потпис. Тренерот Маурицио Сари е голем симпатизер на играта на Данецот и сака да го види во своите редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…