Дома Топ вести Лукаку изоставен од тимот, трансферот во Италија се поизвесен

Лукаку изоставен од тимот, трансферот во Италија се поизвесен

Ромелу Лукаку е на излезна врата од Манчестер Јунајтед, а најсериозен интерес за него покажуваат италијанските гиганти Интер и Јувентус.

Лукаку не одигра нуту еден меч на подготовките и порано се врати од турнејата во Азија, а денес не беше вклучен ниту во тимот кој отпатува за Норвешка.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Менаџерот Оле Гунар Солскјер повика 26 имиња за контролната пресметка со Кристиансунд, а меѓу нив го нема Лукаку.

„Скај Спортс“ пишува дека повредата на Лукаку е ситна и тој ако треба може да настапи, но најверојатно нема да игра поради потенцијален трансфер.

Лукаку е на мета на Интер и Јувентус, а според англиските медиуми е поблиску до „Џузепе Меаца“. Наводно „нероаѕурите“ испратиле нова понуда од 70 милиони евра плус бонуси.

Јувентус пак нуди размена за Дибала и сака да го „украде“ Лукаку пред носот на Интер, па следните денови сигурно ќе бидат интересни.

Сагата за Лукаку треба да заврши оваа недела, бидејќи трансфер прозорецот во Премиер лигата се затвора на 8-ми август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Повеќе нема дилеми: Имобиле ги кажа своите планови

Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле се поврзуваше со заминување од Рим, но според неговата по…