Дома Трансфер зона „Бисерот“ на Јувентус пред трансфер во Евертон

„Бисерот“ на Јувентус пред трансфер во Евертон

Младата ѕвезда на Јувентус и италијанската репрезентација, Моис Кин е пред трансфер во Премиер лигата, тврдат италијанските медиуми.

Кин не може да се избори за поголема минутажа покрај силната конкуренција, а неговиот договор истекува следното лето, па „бјанконерите“ мораат да го продадат.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Евертон се согласи да ги плати бараните 40 милиони евра за Моис Кин, но проблем е што Јувентус сака во договорот да стави „бај-бек“ клаузула.

„Бјанконерите“ сакаат да вклучат клаузула за одреден износ за да можат да го вратат играчот во следните две години, па тоа е единствениот детал кој се договара во моментов.

20-годишниот Кин е еден од најголемите таленти во Италија. Минатата сезона тој постигна 6 гола во 13 натпревари во Серија „А“. Напаѓачот исто така дебитираше за италијанската репрезентација, постигнувајќи два погодока во првите три натпревари.

Квалитетот на играчот е причина Јувентус да сака варијанта да може да го врати, но Англичаните сакаат да биде ставена висока откупна цена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…