Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Баерн го купи Павар, Алисон на прегледи, Челзи добива стопер, „трка“ за потписот на Бонучи…

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Баерн го купи Павар, Алисон на прегледи, Челзи добива стопер, „трка“ за потписот на Бонучи…

Како и секој ден се до затварањето на трансфер пазарот, редакцијата на Спортски.мк ќе ве известува за сите трансфери и трансфер гласини и се што е поврзано со трансфер пазарот во Европа.

– ТУКА можете да се потсетите што вчера се случуваше на трансфер пазарот ширум Европа


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


– За почеток погледнете како изгледа тимот составен од најскапите играчи кои до овој момент ја променија средината, тимот вреди повеќе од пола милијарда (ОВДЕ)

– Голманот Алисон веќе е во Англија каде што во секој момент се очекува да го комплетира трансферот вреден 75 милиони евра во редовите на Ливерпул.

Мино Раиола доби идеја која во овој момент не изгледа реално. Суперагентот ќе се обиде да го одведе Донарума во ПСЖ каде што младиот голман би бил замена на Буфон (ОВДЕ)

Нејмар и Мбапе нема да го напуштат ПСЖ, барем така тврди спортскиот директор на ПСЖ, Фернандез. (ОВДЕ)

– СЕНЗАЦИОНАЛНА вест пренесе каталонскиот медиум „Спорт“. Според нивните информации Барселона е спремна да го понуди Осман Дембеле и плус пари со цел да стигне до потписот на Еден Азар. (ОВДЕ)

– Италијанските медиуми најавуваат обид на Наполи во своите редови да ги доведе Анхел Ди Марија и Артуро Видал (ОВДЕ)

– Според медиумите на Островот, Мурињо има четири големи желби: Роберт Левандовски, Тиего Алкантара, Тоби Алдервилд и Леонардо Бонучи. (ОВДЕ)

– Рома веќе ја започна потрага по замена за Алисон, главни кандидати во овој момент се Ареола од ПСЖ и Каспер Шмајхел од Лестер. (ОВДЕ)

– Даниеле Ругани е пред трансфер во Челзи, се чека наводно само конечното „ДА“ од фудбалерот, Јувентус и Челзи се договорија за сума од 45 милиони евра плус бонуси. (ОВДЕ)

Унаи Емери спрема „чистка“ во Арсенал (ОВДЕ)

– Освен ПСЖ, сега интерес за Леонардо Бонучи започнаа да покажуваат Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед.

– „Дејли Стар“ пишува дека Арсенал би можел да испрати понуда од 44 милиони фунти за услугите на Кингсли Коман од Баерн Минхен.

– После Борусија Дортмунд и тимот на Евертон покажал интерес за фудбалерот на Кристал Палас, Вилферд Заха.

ГОТОВО: Баерн Минхен го обезбеди потписот на Павар. (ОВДЕ)

– Погледнете како би изгледал тимот на Ливерпул со новите засилувања (ОВДЕ)

– Евертон покажува интерес за ангажман на Аднан Јанузај.

– После обезбедувањето на потписот на Алисон, Ливерпул за сума од 10 милиони фунти го продаде третиот голман Дени Ворд во редовите на Лестер

– Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Андриен Рабио одби да го продолжи договорот со „светците“. Рабио е се поблиску до трансфер во редовите на Барселона со која наводно веќе ги има договорено личните услови.

– Според последните информации, Атлетико Мадрид е фаворит за потписот на Артуро Видал (ОВДЕ)

– Баерн Минхен е сериозно заинтересиран за Анте Ребиќ и наскоро целата зделка би можела да биде завршена (ОВДЕ)

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…