Килијан Мбапе и Нејмар веќе некое време се поврзуваа со заминување од Пари Сен Жермен и двајцата се поврзуваа со трансфер во Реал Мадрид.
Сепак, од трансферот на било кој од нив двајца изгледа нема има ништо.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според зборовите на спортскиот директор на клубот од Париз, Луис Фернандез, Нејмар донел одлучил да остане во ПСЖ.
„Нејмар одлучи да остане со нас. Тој е гладен за успех после дебаклот на Светското првенство и мислам дека неговата желба е да освојува трофеи во Париз“, изјави Фернандез.
Освен Нејмар, новинарите на „Марка“ му поставија прашање и за момчето кое блесна на Мундијалот, Килијан Мбапе.
„Мбапе исто така останува. Тој самиот ни го кажа тоа и тоа 100% сигурно. Негова желба е да ја освои Лигата на шампионите со ПСЖ и ништо повеќе не ме загрижува. Најважно е што Нејмар и Мбапе сакаат да останат тука“, заврши спортскиот директор на ПСЖ.