Дома Топ вести Идеалниот тим од трансфери до овој момент: Но овие 11 беше потрошено повеќе од пола милијарда! (фото)

Идеалниот тим од трансфери до овој момент: Но овие 11 беше потрошено повеќе од пола милијарда! (фото)

najskap

Секако, до крајот на преодниот рок сигурно не очекуваат уште барем неколку големи трансфери, ова е идеалниот тим составен од фудбалери кои до овој момент ја променија средината.

Фудбалскиот пазар дојде до средината и веќе во наредните денови се очекуваат големи трансфери со оглед дека се чекаше крајот на Мундијалот. Трансферот на Роналдо во Јувентус се очекува да започне вистинска „лавина“. За очекувања е да видиме големи трансфери на Реал Мадрид, Челзи, Манчестер Јунајтед, Барселона, Пари Сен Жермен…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот, Алисон денес се очекува да го комплетира својот трансфер во Ливерпул со што станува најплатениот голман на сите времиња, па логично е тој да биде на голот.

Пред него во одбраната се Диало кој направи трансфер во Борусија Дортмунд и Леглет кој Севиља ја замени со Барселона. Тука промени би можеле да имаме веќе до крајот на неделата бидејќи ПСЖ би можел да искешира 40 милиони евра за Бонучи, а Челзи 50 за Ругани.

Кансело го држи статусот најплатен помеѓу десните бековите и тука многу веројатно ќе остане до крајот бидејќи тешко дека некој десен бек може да биде повеќе платен во овој преоден рок. Но, затоа скоро сигурно се очекува промена на левата бековска позиција. Во овој момент тука е Јури Берчиче кој беше платен „само“ 24 милиони евра, Алекс Сандро од Јувентус кој наскоро би можел да ја промени средината сигурно ќе биде платен барем двојно повеќе.

Тројцата најскапи играчи за врска се засилувања на англиските клубови. Манчестер Јунајтед го купи Фред Челзи, Жоржињо, а Ливерпул Фабињо. Но, до крајот можеме да очекуваме проемни бидејќи на овие позиции средината би можеле да ја промената, Канте, Погба, Милинковиќ Савиќ, Алкантара…

Во нападот место добија Лемар кој е платен 70 милиони евра и долго очекуваното засилување на Манчестер Сити, Ријад Марез, секако и Кристиано Роналдо.

Кога сме кај напаѓачите трансфер во овој преоден рок до крајот би можеле да направат Нејмар, Азар, Левандовски, Игуаин Кавани…

tim

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Струга на три кола пред крајот се раздели со тренерот Дуро

Aктуелниот шампион на Македонија Струга Трим Лум во моменти кога е во трка за титулата на …