Изгледа повеќе нема дилеми и дека Челзи и Јувентус поситгнаа договор за трансфер на талентираниот млад стопер.
Новиот стратег на Челзи, Маурицио Сари инстираше трансферот да биде завршен што побрзо, бидејќи му е важно, Даниеле Ругани да биде дел од тимот кој ќе патува на подготовките во Австралија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Последната понуда на Челзи изнесува 45 милиони евра плус бонуси и таа изгледа ги задоволи апетите на управата на „старата дама“. Се чека само Ругани да ја прифати и веројатно тоа наскоро ќе се случи.
Ругани во Челзи се очекува да добие понуда од четири милиони евра по сезона што би било три пати повеќе од она што го добива во Јувентус.
За Ругани ова веројатно е прилика која не треба да ја пропушти. Повторно ќе работи со Сари (соработуваа во Емполи) и се очекува да биде стандарден првотимец. Во Јувентус за три години не успеа да стигне до таквиот статус.
Од друга страна Јувентус го чека одговорот на Диего Годин. „Старата дама“ е спремна да ја плати клазулата од 20 милиони евра, но Уругваецот се уште не одлучил дали да го напушти Атлетико.