Maкедонската фудбалска репрезентација вечерва против Исланд дома игра за место во баражот каде што би се пласирале со било каква победа.
Исланд е последната пречка до баражот за СП. Македонија пред два месеци играше одличен натпревар во Рејкавиќ меѓутоа од 0:2 им дозволивме по наши грешки да се вратат до 2:2. За наша среќа и покрај тоа реми сега добивме прилика сами да се решаваме.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Низ историјата со Исланд сме одиграле пет натпревари и имаме позитивен ефект, две победи, два нерешенин атпревар и еден пораз гол разликата 6:4 во наша корист. Двете победи ги остваривме дома во Скопје и не примивме гол.
Првпат „рибарите“ ги победивме во 1997 година на 7. Јуни во квалификациите за СП. Тогаш славевме победа од 1:0, одлучувачки беше голот на Ѓорѓи Христов во второто полувреме.
И втората победа против Исланд е во квалификациски циклус за СП, во оној за Мундијалот во Јужна Африка 2010 година. На 10. Јни во 2009 година во Скопје славевме победа со головите на Ацо Стојков и Филип Ивановски во 85. минута.
Да се надеваме дека овој позитивен скор со Исланд на домашен терен ќе продолжи и денес во мечот од 18:00 часот.