Вчера продолжи англиската Премиер Лига, Арсенал повторно изгуби едно дерби. Овој пат Манчестер Сити ги победи „топџиите“ со 3:0.
Главен трагичар на натпреварот беше Давид Луиз. Луиз во игра влезе во 24. минутата на местото на Пабло Мари кој се повреди. На теренот вкупно помина 25 минути и одигра катастрофално лошо. Прво погреши кога Стерлинг го постигна голот за водство, а потоа на стартот од второто полувреме во 48. минута направи прекршок за црвен картон и пенал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После натпреварот Луиз порача дека сака да остане во Арсенал.
„Јас погрешив. Тимот играше добро и со 10 играчи. Сите денес беа добри, но јас направив грешка. Сакам да бидам тука, тренерот тоа го знае, сакам да останам“, изјави Луиз.