Дома Останати Трагедија: Во сообраќајка загина сребрениот олимписки носител во скок во височина

Трагедија: Во сообраќајка загина сребрениот олимписки носител во скок во височина

Освојувачот на сребрениот медал, во дисциплината скок во височина, на Олимписките игри во Пекинг, Јамајканецот со британски пасош, Џермејн Мејсон (34) го загубил животот во сообраќајна несреќа во Кингстон.

Џермејн Мејсон, британски олимпиец, носител на сребро од Игрите во Пекинг во 2008 година загинал при пад од мотоцикли во главниот град на Јамајка, Кингстон.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Најверојатно поради неприлагодена брзина изгубил контрола врз мотоциклот. И покрај брзата лекарска интервенција тој починал на патот кон болницата“, соопшти полицијата.

Мејсон од 2003 година се натпреваруваше под знамето на Велика Британија, на Игрите во Пекинг прескокна 234 сантиметри и го освои сребрениот медал.

За Јамајка освоил сребрен медал на светското првенство за јуниори во 2000 година, во Чиле и бронзен медал две години подоцна во Кингстон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Неверојатно: Линдзи Вон почна да тренира 25 дена по страшната повреда

Американската скијачка Линдзи Вон повторно го остави светот без зборови. Само 25 дена по с…