Дома Македонски спорт Трабзонспор и Алиоски – Џани повторно е блиску до турскиот шампион?

Трабзонспор и Алиоски – Џани повторно е блиску до турскиот шампион?

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски е блиску до договор со турскиот шампион Трабзонспор, објави турскиот новинар Халук Ајилдиз.

Трабзонспор по пауза од 38 години стигна до трофејот во турската Суперлига, а сега повторно ќе тргне по услугите на Алиоски, кого сакаше да го купи и минатото лето.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Алиоски треба да биде добро засилување за турскиот гигант, кој следната сезона ќе игра во Лигата на шампиони (ЛШ), па мора да ја засили екипата.

Засега преговорите се во почетна фаза, а се очекуваат дополнителни разговори во текот на следната недела, по што ќе биде појасно дали Алиоски ќе остане во Ал-Ахли или ќе замине во Турција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…