Алексис Санчез одбива да го продолжи договорот и можеби во јануари ќе замине од Арсенал, па „Топчиите“ ја бараат неговата замена.
Не е потврдено, но како што се наведува, Мексиканецот Хирвинг Лонзано е голема желба на Арсенал и ќе се обиде Венгер да го донесе во редовите на лондонскиот клуб со почетокот на 2018. година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој крилен фудбалер настапува за ПСВ и изминатото лето потпиша со нив шетгодишен договор, а во 15 настапи постигна 10 погодоци и брзо стана важен дел од холандскиот тим.
Во Мексико го фалат и токму тамошните медиуми ја лансираа информацијата дека пристигнала понуда од Арсенал вредна 48 милиони евра. На „Топчиите“ не им пречи тоа што јавно истакна дека сонува за дресот на Барселона.
„Меси е фантастичен играч и за мене феномен. Се надевам дека ќе играм во Барселона тоа за мене е сон, но има тука и Божја волја“, истакна Лонзано.