Дома Топ вести Тој е откритие на сезоната, а неговата цена е смешна! Гигантите се „тепаат“ за него!

Тој е откритие на сезоната, а неговата цена е смешна! Гигантите се „тепаат“ за него!

Во фудбалскиот свет има криза на стопери, па затоа фудбалери како Ван Дијк, Лапорте или Бонучи чинат цело богатство. Оваа сезона ново име ја импресиониаше фудбалска Европа – Клемент Ленгле.

Овој 22-годишни француски стопер игра фантастична сезона во Севиља, а пред неколку дена на „Олд Трафорд“ ја одбрани „дипломската“ чувајќи го корпулентниот Ромелу Лукаку.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Севиља ефтино го плати Ленгле од Нанси, но би можела и ефтино да го загуби, бидејќи дефанзивецот во својот договор има откупна клаузула од 30 милиони евра.

Со оглед на фактот дека стоперите моментално се најмногу на цена, оваа сума е „смешна“ за европските гиганти кои веќе будно ги следат настапите на Ленгле.

Шпанските медиуми пренесуваат дека силен интерес за Ленгле покажуваат Реал Мадрид и Барселона, но и големите клубови од Премиер лигата.

„Војната“ за неговиот потпис веќе започна, а кој ќе биде победник ќе видеме во летниот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…