Миралем Пјаниќ вчера го прослави својот 29-ти роденден, а на денот на својот роденден Пјаниќ одигра одличен натпревар против Каљари и беше еден од најзаслужните за победата на Јувентус од 0:2.
Пјаниќ доби честитки од сите страни. Од пријателите, познаниците, фановите, како и поранешните и сегашните соиграчи. Во минатото заедно играше и со Франческо Тоти со кој помина пет години.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Легендарниот фудбалер на Пјаниќ роденденот му го честиташе со задоцнување со напомена дека вчера телефонот не му бил во функција. Дали Тоти е искрен останува на вас да процените.
„Знам дека беше вчера, но не ми работеше телефонот. Честитки Мал принцу, среќе роден пријателу мој“, напиша Тоти.
Пјаниќ возврати на честитката на Тоти.
„Идолу. Ти благодарам, единствен си“, гласеше одговорот на босанскиот играч за врска.
Тоти покрај честитката објави заедничка фотографија со Пјаниќ на која го слават голот против Јувентус, а таа фотографија предизвика многу коментари.
„Зошто му честиташ на еден играч на Јувентус?“, беше едно од прашањата во коментарите до Тоти.
„Затоа што пријателството треба да биде над бојата на дресот“, одговори легендата на Рома.
Многумина сметаат дека Тоти со намера избрал токму фотографија на која слават гол против Јувентус, меѓутоа тоа го знае само тој. Како и да е оваа негова честитка предизвика големо внимание.