Дома Топ вести Тотенхем ја постави цената за Кејн и ги шокираше заинтересираните клубови

Тотенхем ја постави цената за Кејн и ги шокираше заинтересираните клубови

Хари Кеј јавно го искажа своето незадоволство во Тотенхем и се поизвесно е дека ова лето ќе направи трансфер.

Голгетерот сака да остане во Премиер лигата, а главни фаворити за неговиот потпис се клубовите од Манчестер.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви нема да му стои на патот, но за неговата слобода постави астрономска цена.

Имено, медиумите на Островот тврдат дека „спарси“ нема да го пуштат голгетерот за помалку од 150 милиони фунти, што ќе биде рекорден трансфер на Островот.

27-годишниот Кејн има договор со Тотенхем до 2024 година, па поради тоа Леви ќе има одлична позиција во преговорите и ќе сака добро да го наплати неговото заминување.

Со оглед на финансиските загуби поради пандемијата, тешко дека некој клуб е спремен да ја плати споменатата сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…