Дома Најава Тотенхем – Црвена Звезда: Можат ли гостите да ја искористат лошата атмосфера кај Спарси!?

Тотенхем – Црвена Звезда: Можат ли гостите да ја искористат лошата атмосфера кај Спарси!?

Растресениот до темел Тотенхем ја пречекува белградска Црвена Звезда во рамки на третото коло од групата Б во фудбалската Лига на Шампиони. Тотенхем е катастрофален сезонава, додека Звезда по победата над Олимпијакос сега гледа далеку во Европа. Ќе биде ова интересен меч, во кои и покрај многуте проблеми домаќинот е голем фаворит.

ВАР системот го спаси Тотенхем во саботата

Деле Али спаси бод за Тотенхем во саботата, откако Спарс одиграа само нерешено 1:1 со фенерџијата во лигата Ватфорд. Но тој меч предизвика многу полемики поради чудните одлуки на судијата и ВАР системот. Ватфорд имаше „летечки старт“ на мечот откако Дукуре постигна гол во шестата минута за тимот на последното место, но тие не добија пенал кога Јан Вертонген го собори Деулофеу во шестнаесетникот. Потоа, Деле Али постигна гол, кој прво беше поништен од ВАР системот, кој прво на големиот екран покажа дека нема гол, за потоа да ја поправи одлуката. На крајот, Ватфорд беше оштетен, а Спарси стигнаа до среќно реми и покрај подобрата игра на теренот.

Покетино изгледа немоќен да се справи со проблемите


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Покетино направи седум измени за натпреварот против Ватфорд по поразот од 3:0 од Брајтон пред меѓународната пауза, но неговите замени не вродија со плод. Очигледно е дека Покетино тешко ги решава проблемите во тимот. Сезонава Тотенхем има само три победи досега од 12 натпревари, а веќе испаднаа и од Купот каде беа елиминирани од нисколигашот Колчестер. На последните три меча примија 11 гола, а поразот од Баерн Минхен со 2:7 е еден од најтешките порази во нивната историја. Нема ништо добро за истакнување во оваа екипа, а сите знаеме каде е најголемиот проблем – нетрпеливоста меѓу дел од фудбалерите во соблекувалната, лошата атмосфера и аферата во која се најдоа Ериксен и Вертонген.

Но сега пред Тотенхем е натпревар од огромна важност. Доколку Спарси не го добијат овој меч, нивните шанси за прогрес ќе бидат минимални. Но со секој друг резултат, а особено со победа можат да ги променат нештата и конечно да тргнат кон подобри резултати. Се чини дека Звезда е тим против кој можат да го направат тоа.

Звезда сака да ги искористи проблемите кај Спарси

Црвена Звезда се загреа за овој натпревар со удобна победа од 3:1 на домашен терен над белградските соседи ФК Рад во петокот вечерта. Марко Гобеjиќ, Милан Павков и Марко Марин беа стрелци за Црвена звезда која ја зголеми предноста на табелата во српската Суперлига.

Избраниците на Владан Милојевиќ се поставија во својот стандарден систем 4-2-3-1, но изгледа веројатно дека ќе се префрлат кон пофункционалната формација за нив во Лигата на Шампиони 4-1-4-1 за гостувањето во Лондон. Тоа е пристап кој е докажан и веќе беше користен за време на првите два меча на тимот во оваа група. Тие беа поразени од Баерн Минхен во првото коло со 3:0, но дома против Олимпијакос славеа со 3:1.

Сепак, јасно е дека Звезда важи за домашна екипа, особено во Европа и игра многу потешко кога нема подршка од навивачите. Затоа, дополнителен проблем за тимот може да биде тоа што УЕФА им забрани на навивачите на клубот да купуваат билети за овој меч како казна за расизмот.

Наш предлог:

Победа на Тотенхем @ 1.28 во Bet365

Двете екипи да постигнат гол @ 1.95 во Bet365

Сон Хју Мин да постигне гол @ 2.30 во Bet365

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Најава

Проверете

Баерн – Лајпциг, најголема квота на свет 1,55 – Mozzart

Никаде на планетата нема да најдете поголеми квоти и на ПСЖ, Ајакс, Партизан, Бенфика, Лив…