Дома Трансфер зона Тотенхем уште еднаш го руши клупскиот рекорд!

Тотенхем уште еднаш го руши клупскиот рекорд!

Аргентинецот ќе го платат повеќе од Ндомбеле. Дали ова значи заминување на Ериксен?

Тотенхем повторно ќе го сруши клупскиот рекорд. После доведувањето на Ндомбеле од Лион за околу 70 милиони евра, пет повеќе „петлите“ ќе платат за Џовани Ло Селсо. Аргентинецот кој го носеше и дресот на ПСЖ ќе се пресели од Бетис во Тотенхем за 75 милиони евра.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Ова значи и дека Кристијан Ериксен веројатно ќе биде продаден, Данецот не го продолжи договорот. Прв во редот за Ериксен стои Реал Мадрид.

Ќе потсетиме, Покетино го продаде Трипие на Атлетико, а покрај Ндомбеле го доведоа Џек Кларк од Лидс за 12 милиони евра и трошоците за засилувања ова лето можат да им достигнат повеќе од 150 милиони евра.

Клубот има намера да се ослободи од Дани Роуз, си замина Љоренте како слободен играл, Покетино не смета и на Винсенте Јасен, додека Алдервилд може да заврши во Рома како дел од договор за Заниоло.

https://www.youtube.com/watch?v=B_hDidz8KFs

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…