Дома Трансфер зона Тотенхем спреми 50 милиони за поранешната ѕвезда на Јунајтед

Тотенхем спреми 50 милиони за поранешната ѕвезда на Јунајтед

Англиските медиуми пренесуваат дека главна трансфер цел на Тотенхем следното лето ќе биде крилниот напаѓач на Кристал Палас, Волфред Заха.

Заха игра во животна форма и го привлече вниманието на сите големи клубови од Премиер лигата, а Тотенхем е спремен да ја победи конкуренцијата.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Спарси“ наводно веќе стапиле во контакт со неговиот агент и се спремни да понудат 50 милиони фунти за неговиот потпис.

Заха во 2013 година пристигна во Манчестер Јунатед како еден од најголемите англиски таленти, но не се снајде на „Олд Трафорд“ и беше испратен на позајмива во Кристал Палас.

Кристал Палас во 2015 година го откупи неговиот договор, а Заха оваа сезона блеска во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…