Тотенхем во досегашниот дел од трансфер периодот беше неактивен што ги изненади љубителите на фудбалот на Островот кој од „Петлите“ се навикнаа нешто различно однесување во овој дел од годината.
Тренерот Маурисио Покетино од почетокот на трансфер периодот повторува дека засилувања ќе има, но ниту еден играч не е доведен во Лондон. Не имаше ниту многу заминувања од првотимците, само Кајл Вокер за повеќе од 50 милиони фунти се пресели во Манчестер Сити.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Но, како што се ближат последните денови од август, расте и апетитот на навивачите на англискиот гигант, а како што овие денови јавуваат медиумите на Островот, три играчи требало да ја засилат конкуренијата во тимот кој последниве години игра сериозна улога во фудбалот во Англија. Прв на листата е одличниот дефанзивец на Ајакс, Давинсон Санчез – најдобриот играч на холандскиот гигант кој за сега одбиваат да го продадат, но под притисиокот од триесете милиони фунти колку што подготви Тотенхем, се чини дека работата е извесна.
Вториот играч кој Тотенхем сака да го доведе и за кого веќе испратиле понуда е крилото на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсијал кој на „Олд Трафорд“ и нема многу простор за игра. „Црвените ѓаволи“ за Французинот бараат најмалку 50 милиони фунти, а „Петлите“ тоа можат да го испратат.
И третото засилување кое наскоро би можеле да го видиме во редовите на Тотенхем е Рос Баркли. Играчот за врска на Евертон е без нов договор и сигурно ќе го напушти Ливерпул, а изгледа дека трансферот во клуб кој му нуди можност за играње во Лигата на Шампионите, е само прашање на денови.
Тотенхем новата сезона во Премиер лигата ја отвори со победа над Њукасл на гости со 0:2.