Хрватскиот плејмејкер Иван Ракитиќ ова лето најверојатно ќе ја напушти Барселона, па многу европски гиганти веќе ја започнаа трката за неговиот потпис.
Последен клуб кој се вклучи во трката за неговиот потпис е премиерлигашот Тотенхем, а познато е дека Мурињо е голем симпатизер на играта на Ракитиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ракитиќ има договор со Каталонците до јуни 2021 година, и призна дека е разочаран од раководството на клубот, кое го третирале како „вреќа компири“. Хрватот се осврнуваше на фактот дека Барса го користеше неколку пати како „монета за размена“ во своите понуди за други играчи.
За Ракитиќ се заинтересирани неколку европски гиганти, но Мурињо може да ја добие битката така што ќе и понуди размена на Барселона, која е заинтересирана за Танги Ндомбеле.