Англиските медиуми пишуваат дека Тотнем се вклучува во трката со Манчестер Јунајтед и ПСЖ за ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала.
Вчера италијанскиот весник „Тутоспорт“, кој е близок до Јувентус објави дека Дибала сериозно размислува да го напушти клубот ова лето, а „старата дама“ нема да му стои на патот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинецот преферира преселба во Премиер лигата, а покрај Манчестер Јунајтед конкретен интерес за него покажува и Тотенхем.
Имено, „спарси“ се спремни да го соборат клупскиот рекорд и да понудат 90 милиони евра за Дибала. Тренерот Покетино смета дека со доаѓањето на неговиот сонародник тимот ќе биде спремен да се бори за титулата во Премиер лигата.
Дибала минатата сезона одигра под своите квалитети и падна во сенка на Кристиано Роналдо, па поради тоа е спремен да ја промени средината.
Tottenham are in talks with Juventus over a sensational £80m swoop for Argentine forward Paulo Dybala. (Source: Daily Mail) pic.twitter.com/u6LltdQbMx
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 25, 2019